Евертон е шанса за Елиф Елмас да побегне од клупата за резерви во Наполи

Англискиот премиерлигаш Евертон е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, објави еден од највлијателните италијански новинари Џанлука ди Марцио.

Наполи, како што објави новинарот на „Скај Италија“, нема ништо против ваков трансфер и би му дозволил на Елмас да си замине, па се чека понуда од популарните Карамели.

Истовремено е објавено дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Хирвинг Лозано, но тие би биле продадени само во случај на добра понуда од Евертон и од Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести