1007 – Евертон – Бурнмаут (17:30)
Екипата на Евертон сама од себе зависи во борбата за опстанок во Премиер лигата. Опстанокот може да го избори и со нерешен резултат, дури и со пораз, но победата во дуелот против Бурнмаут е најсигурна опција за клубот од Ливерпул. Осум од последните 10 меѓусебни натпревари на овие две екипи завршувале со најмалку три погодоци.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.21)
1102 – Лидс – Тотенхем (17:30)
На Лидс потребен му е добар резултат на денешниот натпревар против Тотенхем за да може да се надева на опстанок. Последните 12 натпревари на кои настапил Лидс завршувале со голови во двете мрежи, односно гол-гол, додека на девет од последните 10 меѓусебни натпревари помеѓу Лидс и Тотенхем биле постигнувани по најмалку три погодоци.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.17)
1003 – Астон Вила – Брајтон (17:30)
Доколку сака екипата на Астон Вила следната сезона да игра во европските купови, тогаш потребен и е добар резултат против Брајтон за да го задржи седмото место на табелата. Овие две екипи во историјата имаат одиграно вкупно 12 натпревари, а дури на девет од нив биле постигнати најмногу три погодоци.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.20)
1308 – Барселона – Мајорка (19:00)
Барселона и Мајорка вечерва ќе одиграат натпревар без никакво резултатско значење за двете екипи. “Каталонците“ од поодамна се шампиони, а Мајорка со обезбеден опстанок мирно плови во средината на првенствената табела. Сетоа тоа е убава можност да гледаме ефикасен и опуштен натпревар на Ноу Камп, а Барселона последните три средби во Примера ги одигра токму така и сите три завршија со многу голови, односно со по најмалку три голови, но распоредени во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.20)
3009 – Лацио – Кремонезе (18:00)
Слично како и на дуелот помеѓу Барселона и Мајорка, и на овој натпревар екипите немаат резултатски императив. Лацио веќе е пласиран во Лигата на шампионите, а Кремонезе е нов член на Серија Б. Головите нема да изостанат, а Лацио на последните два меѓусебни дуели му даваше на Кремонезе по четири погодоци. Гостите се веќе со мислите во Серија Б и на минатиот натпревар загубија со 5-1 од Болоња на домашен терен.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.60)