Евертон го отпушти Силва, го враќа човекот што го наследи Алекс Фергусон

Евретон му врачи отказ на Марко Силва, а решението беше очекувано по дебаклот во градското дерби против Ливерпул, што Карамелите го загубија со 5:2.

Прв фаворит за наследник на Португалецот на клупата на Евертон сега е Дејвид Мојс, тренер што го предводеше клубот од Ливерпул долг период од 2002 до 2013 година и си замина за да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

Мојс имаше успеси со Евертон, но разделбата беше незгодна, а навивачите го испратија со пароли „Секогаш ќе бидеш само замена“.

Англиските медиуми го ставија на првото место како можна замена за Силва, а одлуката дали Мојс ќе се врати на кормилото ќе биде позната до следниот меч што Евертон го игра со Челзи во сабота.

- Оглас -

Најнови вести