Евертон и Лестер одиграа со резултат кој двата тима ги остава во ризик да испаднат!

Неизвесен меч полн со голови и пресврти одиграа, Лестер и Евертон, а на крајот резултатот е 2:2 и двата тима освоија по еден бод. Евертон прв се израдува и тоа со погодокот на Калверт-Луис во 15 минута, но до крајот на првиот дел, Лестер направи комплетен пресврт.

Домаќините поведоа со 2:1, а имаа шанса и за трет погодок, но пеналот на Медисон го одбрани гостинскиот голман Пикфорд и тоа најмногу благодарение на добрата информација која ја имаше на шишето за вода.

Во второто полувреме Евертон израмни на 2:2 со погодокот на Ивоби, а на крајот тоа се покажа како конечен резултат.

Ова реми не им одговараше на двата тима. Евертон сега има 29 бодови и е на претпоследната позиција на табелата, додека Лестер кој има еден бод повеќе е на 16-тото место со реална опасност дека може да се најде во зоната за испаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести