Евертон и Њукасл пак ќе загубат на стадионите на кои не победиле цели 27 години

1009 Лестер – Тотенхем (20.30 часот)

Тотенхем конечно почна да дава голови и има серија од три победи по ред, а ако слави и во Лестер против Лисиците, ќе се вмеша во тесната трка за местата кои водат во Европа. Лестер во минатото коло го разби Њукасл, па и тие со оптимизам влегуваат во дуел против екипа која има поцврста одбрана, но и не толку ефикасен напад. Корона-вирусот коси и во двата тима, поради таа причина кај гостите нема да играат Сон, Лукас Моура, Брајан Хил и Емерсон, а кај Лестер ќе ги нема заразените Ихеаначо, Лукман, Вестергард, Перес. Од 2015 не било нерешено на нивните дуели кога Лестер бил домаќин.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.94)

 

1010 Челзи – Евертон (20.45 часот)

Челзи се бори за титула, а Евертон за опстанок. Карамелите имаат четири порази во последните пет кола и ништо добро не им се пишува ниту вечерва. Сините се трет најефикасен тим во Премиер лигата. Кај нив на листата на повредени се само Чилвел и Ковачиќ, додека кај Евертон не може да играат Калверт Луин, Дињ, Мина, Ришарлисон. Евертон уште од август нема гостинска победа, а Челзи дома не загубил од септември. Традицијата е брутална, Евертон не победил на „Стемфорд бриџ“ уште од 1994 година. Од последните шест гостувања кај Челзи, Евертон на пет нема постигнато гол.

Предлог тип: 1-1 (1.68)

 

1107 Ливерпул – Њукасл (21.00 часот)

Тука уште пред почетокот на мечот се знае победникот, само прашање е колку голови ќе примат Чавките. Њукасл на 16 меча сезонава прими 34 гола, а Ливерпул е најефикасен тим во Премиер лигата со 45 гола во 16 кола. Ливерпул со победа ќе дојде на еден бод негатива во однос на лидерот Манчестер сити и тоа му е голем мотив против клубот кој одвај чека да дојде јануари за да се засили. Во минатата сезона Ливерпул не успеа да го победи Њукасл, дојде време за одмазда. Њукасл уште од 1994 година нема победа на „Енфилд“.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.87)

 

3038 Сампдорија – Торино (21.00 часот)

Ова е дуел од 16-финалето на Купот на Италија, а тимот што ќе победи, во осминафиналето за противник ќе го има Јувентус. Сампдорија е тим кој уште од 3 октомври нема играно нерешено. Торино игра лошо на гости во Серија А, а последните две гостувања на Биковите кај Сампдорија завршија со 1-0 за Блучеркатите од Џенова. Ова е куп, почесто се случуваат неочекувани резултати, Торино ќе даде максимум за да игра градско дерби во осминафиналето, но и Самп си има свои математики.

Предлог тип: 1-3 гола (1.46)

 

1395 Ла Коруња – Осасуна (21.00 часот)

Осасуна е прволигаш и затоа е фаворит на хартија на овој меч од Купот на Шпанија, но на тимот од Памплона вечерва му претстои едно незгодно гостување. Неколку прволигаши веќе се мачеа или испаднаа. Депортиво е третолигаш и два и пол месеци не знае за пораз. На последните пет гостувања на Осасуна, барем едниот тим не даваше гол. Осасуна нема пријатни сеќавања од гостувањата на „Ријазор“, таму не победиле од 2007 година.

Предлог тип: Х прво полувреме (1.94)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести