Премиерлигашот Евертон има нови сопственици откако досегашниот, иранскиот бизнисмен Фархад Мошири, продаде 94,1% од управувачкиот пакет акции на американската групација „Фреидкин“.
Детали од купопродажбата не се објавени, но според пишувањата на британските медиуми, договорот е тежок помеѓу 400 и 500 милиони фунти.
„Задоволни сме бидејќи постигнавме договор да бидеме сопственици на овој исконски клуб. Концентрирани сме на добивањето на потребните дозволи за да ја комплетираме трансакцијата. Се радуваме што ќе можеме да ја вратиме стабилноста на клубот. Имаме визија за иднината, а наскоро ќе биде готов и новиот стадион“, се вели во соопштението на „Фреидкин“.
Она што е интересно, оваа американска групација е сопственик и на членот на Серија А, Рома.