Евертон ќе добие импресивен стадион покрај река (Видео)

Премиерлигашот Евертон го претстави проектот како треба да изгледа неговиот нов стадион, кој ќе го замени легендарниот, но и дотраен „Гудисон парк“. Изградбата на новиот стадион на Карамелите се очекува да почне веќе следната година.

Навивачите беа почестени со кадри од иднината, изградбата ќе чини над 550 милиони евра, а кога ќе биде готов, навистина ќе биде празник за очи. Клубот го искористи празниот плац на брегот покрај реката Мерси и модерниот стадион ќе биде токму таму, а најавите се дека треба да биде подготвен за сезоната 2023/24.

Јужната трибина со 13 000 седишта ќе потсетува на култната трибина зад голот на стадионот на Борусија Дортмунд, популарниот Жолт ѕид.

Со тоа што стадионот од 52 000 места за седење ќе се прави покрај доковите, клубот ќе оддаде почест за поморската историја на градот Ливерпул и работниците по доковите. Засега не се знае како ќе биде името на стадионот.

На местото на сегашниот стадион „Гудисон парк“, кој постои 127 години, се планира изградба на комплекс од станбени згради со простори за компании, плус здравствени и образовни установи.

Еве видео во кое се гледа како ќе изгледа стадионот на Евертон:

https://twitter.com/i/status/1154451251981144067

- Оглас -

Најнови вести