Витор Переира е на завршни преговори за да го преземе кормилото на англискиот тим Евертон.
Португалецот кој пред крајот на минатата година беше избркан поради лошите резултати со Фенербахче, сега си најде многу подобра и веројатно поплатена работна позиција во една од најсилните лиги.
Переира последните големи тренерски успеси ги имаше во Порто и Олимпијакос, каде што стигна до националните титули, додека во својата кариера има тренирано и екипи од Саудиска Арабија и Кина.