23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Евертон ќе плати 30 милиони евра за голгетерот на Удинезе

Евертон си обезбеди централен напаѓач, откако го договори трансферот на Бето од Удинезе. Карамелите се согласија да платат 30 милиони евра, плус бонуси за Португалецот.

Откупната клаузула на Бето беше 35 милиони евра, а Удинезе речиси ќе ја обезбеди оваа комплетна сума и затоа италијанскиот клуб е задоволен од овој трансфер.

Евертон очајно ја започна сезоната во Премиер лигата и по првите три кола е без бодови, а освен тоа, тимот од Ливерпул уште нема постигнато ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести