Евертон му подари победа на Манчестер Сити (Видео)

Манчестер сити минимално со 1:0 победи на гостувањето во Ливрпул кај Евертон, победа со која Граѓаните се зацврстија на врвот на табелата во Премиер лигата.

Актуелниот шампион имаше доминација речиси во текот на целиот меч, но до победата стигнаа по една катастрофална грешка на домашната одбрана. Дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин очајно реагираше во 82 минута, а тоа го искористи Фил Фоден и донесе радост за гостите.

Тој потег во 82 минута се покажа и како клучен за триумф на Граѓаните, кои стигнаа до 21-вата радост во 27 кола сезонава.

- Оглас -

Најнови вести