2.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Евертон победи на “Олд Трафорд” иако 80 минути беше со играч помалку

Евертон со 1:0 го победи Манчестер јунајтед на гости, во меч од 12. коло на Премиер лигата. Триумфот на гостите од Ливерпул добива на важност затоа што Евертон речиси целиот меч го играа со фудбалер помалку.

Во 12 минута двајца играчи на Евертон се степаа меѓусебе и црвен картон доби Гаје.

И со играч помалку, Евертон даде фантастичен гол по шутот ма Десбери-Хал во 29 минута.

Во продолжение, Манчестер јунајтед постојано напаѓаше, создаваше шанси, но не успеа да постигне гол ниту за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести