1010 Евертон – Кристал палас (Премиер лига, Англија, 20:45 часот)
Карамелите имаат очајна сезона зад себе и на две кола до крајот сè уште се борат за опстанок. Сепак, ако победат вечерва против Кристал палас на домашен терен, ќе дојдат до посакуваната цел.
„Гудисон парк“ ќе биде полн и ќе ја даде максималната поддршка за Френк Лампард и неговите играчи, додека гостите на ова гостување ќе настапат без некаков посебен резултатски мотив.
На три од последните пет средби одиграни во Ливерпул, Евертон слави против гостите од Лондон, а така се надеваат дека ќе биде и вечерва.
Предлог тип: 1 (1.87)
1104 Челзи – Лестер (Премиер лига, Англија, 21:00 часот)
Натпревар којшто нема резултатско значење за двете екипи, па затоа и вреди оваа средба да се типува на голови.
Челзи е обезбеден со настап во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Лисиците се на средината на табелата. Интересно е што ретко паѓаат голови на средбите на овие две екипи, но охрабрувачки е што на последните два меча се видени по три погодоци.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.77)
1630 Херенвен – АЗ Алкмар (Ередивизие, Холандија, 18:45 часот)
Во Холандија денеска на програмата е разигрувањето за Конференциската лига на Европа, каде што АЗ ќе му гостува на Херенвен.
Се играат две средби, а според формата и традицијата, ќе се тресат мрежите на двете страни. АЗ Алкмар на последните пет средби на гости игра со просек од 3,2 погодоци по меч, а сите тие исто така испаднале гол-гол.
Херенвен, пак, пред своите фанови игра со просек од 3,4 погодоци по меч.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.94)
1921 Лугано – Цирих (Супер лига, Швајцарија, 20:30 часот)
Во Швајцарија се игра претпоследното коло, а ова е еден од ретките натпревари каде што ниту еден од тимовите нема некаков притисок.
Гостите убедливо ја освоија титулата и имаат 18 бода предност во одност на второпласираниот Базел, додека Лугано теоретски сè уште е во игра за место во Лигата на Европа, но ќе биде потребно повеќе од чудо, а тоа е два порази на минатосезонскиот првак Јанг бојс, како и два триумфи на Лугано.
Сето тоа е во доменот на теоријата, но во пракса изгледа недостижно.
Предлог тип: 4+ (2.40)
1801 Херта – Хамбургер (Бундеслига, Германија, 20:30 часот)
Двата германски великани ќе играат за тоа кој ќе биде дел од Бундеслигата во следната сезона, а првиот дел ќе биде во Берлин.
Херта ја има благата фаворитска улога, најмногу поради предноста од домашниот терен, но гостите се желни по пауза од неколку сезони да се вратат во елитата, каде што и всушност припаѓаат.
Оваа сезона немаа среќа и завршија третопласирани во Цвајте, а Шалке и Вердер Бремен се тимовите коишто се вратија во Бундеслигата. Херта нема да згуби вечерва, но за најдобра варијанта сметаме дека ќе биде 1Х и 0-3 погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.80)