Евертон му парира на Њукасл во трката за засилувања пред продолжението на англиското првенство и во финишот на зимскиот преоден рок панично бара нови фудбалери.
Англиските медиуми објавија дека популарните Карамели сакаат да ангажираат неколку играчи, а меѓу нив главни ѕвезди би биле Деле Али од Тотенхем и Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
За ѕвездата на Спарс и репрезентативец на Англија во трката се вклучи и Кристал палас, но нивната понуда е Деле Али да дојде како позајмен играч до крајот на сезоната.
Евертон има подобра понуда за англискиот репрезентативец и му нуди перманентен договор и комплетна преселба на „Гудисон парк“.
Најавено е дека Франк Лампард ќе биде новиот менаџер на Карамелите, коишто имаат амбиции да го позајмат Јовиќ од Реал Мадрид.
Со тоа би се исполнила квотата на странски играчи во Евертон, откако во овој преоден рок пристигнаа двајцата позајмени холандски играчи, Ел Гази од Астон вила и Ван де Бек од Манчестер јунајтед.