Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб Вардар 2018, е победник на традиционалниот мал пливачки маратон, познат како „Илиндински куп“ кој се одржа денеска во водите на Охридското Езеро.
Патеката во должина од 2,5 милометри од Горица до Охрид, Поп Ацев ја мина за 29 минути 2 секунди и 71 стотинки, што беше за трепет на окото подобро од вториот Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна со време 29:02.98.
Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска од ПК Скопје, со време 31:33.80 минути, пред Јована Неделковска и Росана Гошев.
На 44-ти „Илинденски куп“ во Охрид, учествуваа 50 пливачи од Македонија и странство.