ЕВРО 2024 урна рекорд според посетеноста на стадионите

Со натпреварите од четвртфиналето, ЕВРО 2024 го урна рекордот по посетеност во однос на вкупниот број гледачи на стадионите.

Досега на стадионите во Германија присуствувале 2.492.720 гледачи, а досегашното најдобро достигнување беше на ЕВРО 2016 со 2.427.303 гледачи за 51 натпревар.

Просечната посетеност во Германија е 51.932 гледачи, но тоа не е рекорд бидејќи на ЕВРО 1988, кое се одржа во тогашна Сојузна Република Германија, таа беше 59.243 гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести