Со натпреварот меѓу Шпанија и Бугарија од 13:30 часот стартува Евробаскетот, којшто ќе се одржи во Чешка, Италија, Германија и Грузија.
Најдобрите четири селекции од четирите групи подоцна ќе вкрстат во елиминациската фаза, а како најсериозни кандидати се истакнуваат четири селекции.
Србија предводена од Никола Јокиќ е една од нив, а тука се и Франција со Руди Гобер, потоа Грција, која во своите редови го има Јанис Адетокумбо, како и Шпанија, која е специјалист за ваквите натпреварувања.
Никако не смее да се отпише Словенија со неверојатниот Лука Дончиќ, како и искусниот Горан Драгиќ, но се чини дека тие ќе бидат фаворити од сенка.
Токму мечот на Словенија против Литванија денеска (17:15 часот) ќе биде од најинтересните средби од програмата. По тој повод и понудата на Sport Life за Евробаскетот е одлична, а предизвикувачка е границата од 25,5 поени за Дончиќ за што и за плус или минус ќе добиете квота од 1.87.