Еврогол на Мвене, германска „нула“ што сите ја очекуваа (Видео)

Играчите на Херта го завршија двонеделниот карантин поради Ковид-19 и денеска повторно играа во Бундеслигата, нерешено, 1:1 против Мајнц.

Тимот од Берлин поведе со голот на Лукас Тузар во 36. минута, но само 240 секунди подоцна израмни Филип Мвене со еврогол.

Голот на австрискиот интернационалец во редовите на Мајнц можете да го погледнете ОВДЕ.

Во битката за опстанок што ја водат двете екипи во Бундеслигата во продолжението немаше голови, па некако „нулата“ е и очекувана и најреален исход на мечот.

Мајнц е на прагот да обезбеди опстанок, бидејчи на три кола до крајот на германското првенство има пет шест бода повеќе од Келн, 8 од Херта, а Шалке 04 веќе е патник во Втората лига.

Херта исто така има шанси за да го продолжи бундеслигашкиот статус, иако е претпоследна со 27 бода. Тимот од Берлин зостанува за три бода зад екипите во безбедната зона, но има два меча помалку одиграно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести