Мајкл Де Лиув, ветеранот од Емен постигна страшно атрактивен гол од огромна далечина против Феенорд во меч од популарната Ередивизија во Холандија.
Де Лиув одлучи веднаш да шутира по воздушниот дуел на негов соиграч и ривалот од Феенорд, а голманот на гостите Марсман иако се обиде со парада да спаси, не успеа и Емен поведе со 2:1.
Потоа гостите израмнија на 2:2 и во финишот на мечот постигнаа уште еден гол за победа од 2:3.