Манчестер јунајтед им се врати на победите во Премиер лигата и со голот на Лисандро Мартинес го совлада Фулам со минимални 0-1 на гости. Аргентинецот во 78-мата минута го постигна единствениот гол на мечот и тоа од единствениот удар на „црвените ѓаволи“ кој одеше во рамки на голот на Фулам.
Избраниците на Рубен Аморим со оваа победа се искачија на 12-тата позиција, односно ги минаа Кристал палас и Вест хем, но се уште се далеку од врвот и борбата за излез во фудбалска Европа.