Евроголот на Пандев ги подели навивачите на Лече и Џенова

Погодокот на Горан Пандев со кој Џенова поведе на гостувањето кај Лече со 1-0, а моментниот резултат е 2-2, предизвика воодушевување кај фановите на гостинскиот тим.

На Твитер може да се најдат секакви пофалби за Македонецот, а најоригиналната е дека четворица фудбалери ја заслужуваат Златната топка повеќе од Меси, и ставени се четири слики од Пандев.

Од друга страна, во Лече сметаат дека голот требало да биде поништен, поради офсајд во зачетокот на акцијата која Пандев ја круниса со гол, по грешката на голманот на противникот.

- Оглас -

Најнови вести