Евроголот на Закариќ доволен за втора победа на Вардар во Словенија

Фудбалерите на Вардар ја забележаа и втората победа на подготовките во Словенија откако во пријателски меч го совладаа Рапид Букурешт со минимални 1-0.

Единствениот гол на мечот беше дело на босанскиот интернационалец Горан Закариќ во осмата минута.

Вардар на подготовките во Словенија претходно одигра два натпревари, го победи Будуќност Подгорица со 3-0, а загуби од Олимпија Љубљана со 2-0. Следниот натпревар за Црвено-црните во Словенија е во сабота против Марибор.

- Оглас -

Најнови вести