Квалификациите за настап на Мундијалот во Катар се во полн ек и вечерва има многу интересни натпревари и прекрасни голови.
Три од нив навистина беа мајсторски, а ремек-дела се погодоците на Микола Шапаренко, потоа и на Манор Соломон и на Емин Махмудов
Шапаренко во финишот на првото полувреме го здрма светскиот првак Франција со еврогол од 20-на метри, а Иго Лорис беше немоќен да го спречи летот на топката во неговата мрежа.
Соломон потврди зошто за него се интересираат неколку познати европски клубови, меѓу нив во прва план Арсенал и Аталанта, а вечерва во Хаифа, играчот на Шахтар Донецк постигна атрактивен голза Израел против Австрија.
Israel [1] – 0 Austria: Manor Solomon 5′ (Great Goal) from soccer
Махмудов е во гол-форма и уште еднаш покажа дека има моќен удар. По евроголот за Азербејџан пред неколку дена против Луксембург и вечерва постигна фантастичен погодок во ремито со Република Ирска, 1:1 во Даблин.
Голот на Махмудов можете да го погледнете ОВДЕ.