Евроголови на Роналдо и Коста, Пјаниќ се одјави со асистенција и победа на Јувентус (Видео)

Јувентус го скрши отпорот на Џенова со голови во второто полувреме и со победа од 3:1 остана лидер на табелата во Серија А.

Пауло Дибала со убав гол во 50-тата минута ја отвори портата кон нов триумф на шампионот, а потоа следуваа два еврогола на Кристијано Роналдо и на Даглас Коста, по што беше јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите.

https://twitter.com/totalcristiano/status/1278071419054800896?s=20

Последен меч за Старата дама одигра Миралем Пјаниќ, кој заминува во Барселона, како дел од размената со Артур Мело, кој е нов фудбалер на Јувентус.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1278075454415503360?s=20

Босанскиот репрезентативец се одјави со асистенција до Роналдо и со победа што го остави актуелниот шампион на Италија на врвот на табелата со 72 бода, четири повеќе од Лацио и 11 од Интер, кој има меч помалку.

За Џенова од 77-мата минута играше и Горан Пандев, како замена за стрелецот на единствениот гол на домаќините Пинамонти. Џенова остана на 17-тата позиција со 26 бода и ја чека тешка битка за опстанок во Серија А во последните 9 кола.

- Оглас -

Најнови вести