Кошаркарската Евролига од идната сеозна ќе го прошири составот од 16 на 18 екипи, а уште едно место би можела да добие Регионалната лига од нашите простори, АБА лигата.
Двете места сигурно ќе ги добијат Баерн и француски АСВЕЛ, но ако Баварците бидат германски прваци, второпласираниот состав во Бундеслигата нема автоматски да добие место во Евролигата.
Тоа ќе биде наменето за вицепрвакот во АБА лигата, или на ВТБ лигата, во која играат екипи од просторот на поранешен СССР.
Битката ќе се води до самата одлука на раководството на Евролигата, а подгоричка „Побједа“ пишува дека фаворит е екопата која ќе биде второпласирана во АБА лигата.