Евролигашка бомба: НБА ѕвездата Кемба Вокер потпиша за Монако!

НБА ѕвездата, бекот Кемба Вокер потпиша договор со француски Монако и во следната сезона ќе настапува во кошаркарската Евролига.

Вокер кој има 33 години, во НБА лигата одигра 750 мечеви со просек од 19,3 поени по меч. Беше член на Шарлот, Бостон, Њујорк, во минатата сезона играше заедно со Лука Дончиќ во Далас, а сега реши да ја напушти најсилната лига на светот и да се проба во Евролигата.

Вокер е четирикратен ол-стар, а во Монако ќе биде една половина од феноменалниот бековски тандем со Мајк Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести