Еден од најдобрите кошаркари сезонава во Евролигата, Тео Маледон, ќе биде нов играч на Реал Мадрид. Според најавите од „Encestando“, францускиот плејмејкер се обрзал за верност кај Кралскиот клуб, но тоа ќе започне од следната сезона.
Маледон сезонава блеска во дресот на Асвел. Тој е најдобар играч во тимот и има просек од 18,8 поени, 4,2 скока и 4,8 асистенции по меч, со одлилчен индекс на корисност од 23,5 во Евролигата.
За тоа во колку добра форма се наоѓа, потврди и признанието за МВП во Евролигата за декември. Маледон има само 23 години, што значи дека пред него е блескава кариера.
Плејмејкерот кариерата ја започна во Асвел во 2017 година, а потоа замина во НБА-лигата, каде што настапуваше три години, и тоа во екипите на Оклахома, Шарлот и Феникс. Пред почетокот на оваа сезона се врати во Европа и повторно го облече дресот на својот матичен клуб Асвел.
Вечерва Асвел на свој терен игра против Милано во рамките од 19-тото коло на Евролигата.