Евролигашки спектакл, Реал е фаворит и на гостувањето во „Ел Класико“ (Фото)

Барселона го пречекува Реал Мадрид во најголемото дерби во кошаркарската Евролига вечерва, а квотите во Sport Life им даваат предност на гостите од главниот град.

Во октомври Реал ја совлада Барса со 65-64, а Габриел Дек беше прв стрелец со 20 поени. Дек нема да игра вечер и тоа може да биде олеснителна околност за Каталонците, кои не се во најдобра форма и имаат три порази на последните четири меча и моментно се трети на табелата.

Реал има само еден пораз сезонава, во Истанбул од Фенербахче, и тоа по продолжение со кош примен во претпоследна секунда. Кралскиот клуб има рекорден учинок од 16-1 по 17 кола, а силна мотивација за двата тима е да го победат најлутиот ривал и новата година да ја почнат со голем триумф. Реал уште од февруари 2018 нема евролигашка победа на гостување во Барселона.

Вечерва се играат вкупно четири меча, а тука се и богатите понуди на Sport Life за индивидуални стрелци (на листата се 40-минна различни кошаркари), скокачи и асистенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести