13.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Евролигашки спектакли, ќе „гори“ во Атина и во Белград

Петорката евролигашки мечеви кои се играат вечерва може да ви донесат солидна добивка ако уплатите на петте фаворити и не се случи некое изненадување.

Дербито е во Атина, каде што играат европските прваци од 2024 и 2025 година, моментно шестопласираниот Панатинаикос го пречекува лидерот Фенербахче. ПАО е фаворит, но и гостите не смее да бидат отпишани.

Единствен гостин кој е фаворит е Реал Мадрид, но гостува во Белград кај Партизан, кој е осоколен откако го надигра Панатинаикос. Нивните пресметки секогаш се жешки и напнати, а Реал има три порази по ред и сезонава е слаб на гостувањата (има скор 4-10). Партизан денеска доби непријатна вест, дека нивниот играч Дилан Осетковски е суспендиран до крајот на годината поради користење допинг, и тоа додека играл во Шпанија. Осетковски беше позитивен на тестот за марихуана во 2023 година.

Според ситуацијата на табелата, интересно треба да биде и на дуелот меѓу Жалгирис и Хапоел Тел Авив. Израелскиот тим долго беше прв, но има четири порази по ред и нема да му биде лесно да го разбие малерот.

Монако е огромен фаворит против Басконија, а Милано, кој има три победи по ред, ќе проба да го совлада Дубаи и да се вмеша во трката за место во плејинот или плејофот.

- Оглас -

Најнови вести