Евролигашко деби со пораз, но Димитријевиќ беше еден од подобрите кај Милано

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ прикажа солидна игра на своето евролигашко деби, но неговиот тим Армани Милано беше поразен на гостувањето кај Монако во првото коло од новата сезона во Евролигата.

Монако одигра одлично прво полувреме и победи со 93-80, а Нено беше еден од позабележителните кај Манекените од Милано со 11 поени, 6 скока и 5 асистенции за 24 минути игра.

Првакот Панатинаикос тргна со рутинска победа во Берлин против Алба од 87-77, додека во Каунас, Жалгирис својот 80-ти роденден го прослави со победа над Барселона од 74-67.

- Оглас -

Најнови вести