Евролигата доживотно го суспендира судијата што крадеше парфем на аеродром (Видео)

Словенечкиот судија Матеј Болтаузер повеќе нема да суди во Евролигата, според списокот на судии кои ова натпреварување ги зема предвид.

Во април минатата година, откако ги заврши работните обврски во Белград каде што судеше на натпреварот меѓу Партизан и Монако, Болтаузер беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ за кражба на парфем, забележана на камерите.


Веднаш беше суспендиран од страна на Евролигата, а како што известува шпанскитe медиуми, тој е доживотно суспендиран и повеќе нема да суди на натпреварите од најелитното европско клупско натпреварување.

Во Евролигата моментално има 68 регистрирани судии.

- Оглас -

Најнови вести