Евролигата долго време е поим за драматични мечеви и луди пресврти, а и вечерва беше така на пет меча на коишто најголемата разлика беше само 4 поени во корист на победниците.
Ја забележа Макаби во Тел Авив против Панатинаикос со 77:73, откако Израелците за малку ќе прокоцкаа позитива од 20 поени разлика, 64:44, што ја имаа во последната четвртина.
Уште повозбудливо беше во Милано и Мадрид, а домашните екипи победија со по еден поен разлика. Милано имаше минис од 16 поени, 26:42 на почетокот на второто полувреме, но успеа да победи со 73:72 против АСВЕЛ Лион.
Идентично драматично беше и во Мадрид, а Реал стопи негатива од 10 поени и со 70:69 го победи Фенербахче. Појрие имаше мирна рака во финишот на мечот и ги погоди двете слободни фрлања за триумф на Кралскито клуб. Францускиот репрезентативец имаше вкупно 5 поени, но и фантастини 17 скока.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1451274216729419781?s=20
Прва победа во петтото коло во Евролигата забележа актуелниот европски првак Анадолу Ефес со триумф од 71:68 против Уникс Казан, а Баерн е единствената екипа што вечерва славеше на гости, со 75:73 против Жалгирис во Литванија.