11.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Евролигата не сака „циции“, ќе го брка Асвел од друштвото

На францускиот Асвел му се заканува исклучување од Евролигата бидејќи штеди пари на платите на кошаркарите.

Францускиот весник „Ле Прогрес“ објави дека од добро информирани извори дознале дека во наредниот период Евролигата ќе одлучи за судбината на Асвел во елитното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Имено, Асвел издвојува помалку од пропишаниот минимум, кој изнесува 5,85 милиони евра годишно за плати на играчите.

Французите се далеку под границата која се бара. Според податоците објавени од француската ЛНБ лига, Асвел има на располагање „само“ 4,55 милиони евра за плати на играчите, што е значително под минимумот од Евролигата.

Поради ова, акционерите на Евролигата би можеле да одлучат да не ја продолжат лиценцата на францускиот клуб бидејќи не само што ги крши правилата, туку не придонесува ниту за зајакнување на конкуренцијата со задржување на „евтините“ кошаркари во составот.

Поранешниот француски кошаркар Тони Паркер е прв човек на Асвел, а ако излезе од Евролигата, желба му е неговиот клуб да биде еден од столбовите на проектот „НБА Европа“. Дотогаш Асвел би се натпреварувал во Лигата на шампионите на ФИБА, каде што игра Алба Берлин, која ја напушти Евролигата пред неколку месеци.

Францускиот претставник не беше конкурентен ниту во претходните неколку сезони, а и оваа ја започна лошо. Асвел во текот на последните четири сезони во Евролигата има 38 победи и 92 порази!

- Оглас -

Најнови вести