Евролигата со потврда: Од следната сезона ќе играат 20 екипи!

Раководството на кошаркарската Евролига и официјално потврди дека од следната сезона во натпреваруваањето ќе играат 20 екипи, што е проширување за две екипи од сегашниот формат.

Нови екипи за следната сезона ќе бидат Дубаи, Валенсија, како и победникот на Еврокупот, Хапоел од Ерусалим, додека Евролигата ја напушти Алба Берлин, која во иднина ќе настапува во Лигата на шампионите на ФИБА.

Тоа би значело дека АБА-лигата следната сезона ќе има три претставника, па освен Црвена ѕвезда и Партизан, кои се пофалија дека добиле тригодишни лиценци, ќе игра и Дубаи.

Сè уште не е познато каде ќе се игра завршницата следната сезона, а фаворити се Белград и Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести