Европа и не е така далеку од Билбао

Атлетик Билбао славеше на гостувањето кај Жирона со конечни 1-2 во првиот меч од 29-тото коло во Ла Лига. Баскискиот состав до трите бода стигна преку пресврт, откако се најдоа во негатива по првите 45 минути.

Стуани го постигна 17-от погодок сезонава во шпанското првенство, во 37-та минута им донесе предност на домаќините, кои подоцна капитулираа. Билбао во вториот дел за само шест минути го сврте резултатот во своја корист, Ињаки израмни во 53-тата минута, а во 59-тата Гарсија го постави конечниот резултат.

По овој меч, Атлетик е на осмото место со ист број на бодови колку и Валенсија (40), заостануваат три бода зад шестопласираната Севилја, додека Жирона е на 12-тото место со 34 бода.

- Оглас -

Најнови вести