Во моментите кога грото шампионати во Европа се прекинати поради Коронавирусот, Белорусите немаат проблеми и почнуваат нова фудбалска сезона.
Денеска од 15 часот е премиерата меѓу Енергетик-БГУ и Бате Борисов. Гостите се фаворити, а ланската сезона ја завршија на второто место, зад шампионот Брест.
Денеска ќе се игра уште еден меч од првото коло, а Солигорск му е домаќин на Жодино.
Репрезентацијата на Белорусија е можен противник на Македонија во финалето во сегментот Д од Лигата на нациите, а услов е девете селекции да бидат подобри од своите ривали во полуфиналето.
Македонија веројатно во јуни ќе игра со Косово во Скопје, ако стивне епидемијата со Коронавирусот, а истовремено Белорусија ќе ѝ гостува на Грузија. Победниците ќе играат финале во Тбилиси или Минск, исто така во јуни, за пласман на Европското првенство што ќе се игра следната година, иако првично беше планирано од 12 јуни до 12 јули оваа година.