Повеќе од 100 членови на Европскиот парламент го повикаа претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, да ја исфрли репрезентацијата на Белорусија од квалификациите за ЕП 2024.
Белорусија во квалификациите за ЕП 2024 се наоѓа во група со Швајцарија, Израел, Романија, Косово и Андора.
Таа првиот натпревар треба да го игра на 25 март против Швајцарија, но поради вмешаност во руската инвазија врз Украина, дуелот ќе се одигра на неутрален терен и без присуство на гледачи.
Европарламентарците бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од квалификациите поради кршење на човековите права, како и поради поддршката на Минск на руската инвазија врз Украина.