10.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Европјаните, особено Дончиќ, растураат во НБА, Мајами даде 86 поени во едно полувреме

Лос Анџелес лејкерс беше подобар од Минесота тимбервулфс со 128-110, благодарение на Словенецот Лука Дончиќ кој уфрли 49 поени и стана првиот играч во славната историја на Лејкерс кој дал 40+ поени на првите два меча во една сезона.

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА што ги одиграл своите први два натпревари со учинок од барем 40 поени, 10 скока и 5 асистенции. Тој исто така стана само четвртиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени во првите два натпревари од сезоната. Само Ентони Дејвис (2016/17), Мајкл Џордан (1986/87) и Вилт Чемберлен (1961/62, 1962/63) го сториле тоа пред него.

Од 12-те меча кои се играа рано утрово во НБА, продолжение имаше само на Њу Орлеанс – Сан Антонио, каде гостите победија со 120-116, а Виктор Вембањама стана првиот играч од 1990 година наваму кој имал 60 поени и 10 блокади на првите два меча во сезоната.

Јанис Адетокумбо по првите два меча има над 60 поени, 30 скока и 10 асистенции, пто што истотака досега не беше видено. Од европските играчи забележителен настан имаше и Домантас Сабонис кој го постигна кошот за победа на Сакраменто над Јута од 105-104.

Кевин Дурант уфрли 37 поени на својот прв домашен меч во Хјустон, но Ракетите беа поразени од Детроит со 111-115. Мајами хит го раби Мемфис со 146-114, а во првото полувреме Жешките постигнаа дури 86 поени.

- Оглас -

Најнови вести