Незапамтена еуфорија ги тресе навивачите на Рома кои што за помалку од 24 часа ги искупија 60-те илјади билети за мечот од Конференциската лига против Лестер.
За тимот предводен од Жозе Мурињо ова е една од подобрите сезони на европски план а се надеваат дека по долго време можат и да освојат трофеј бидејќи со англискиот тим ќе се соочат во полуфиналната фаза.
Првата средба се игра во Англија и тоа за седум дена а и таму гостинските билети беа „разграбани“ за помалку од 30 минути.
Реваншот на легендарниот „Олимпико“ ќе се игра на 5 мај. Во второто полуфинале од европската конференцика лига, силите ќе ги одмерат Феенорд и Олимпик Марсеј.