За првпат по 18 години во нокаут-фазата од ЛШ и ЛЕ нема да учествува руски клуб. Ниту еден од четирите учесници во двете европски натпреварувања не успеа да се пласира за пролетниот дел. Зенит, ЦСКА Москва, Краснодар и Локомотив Москва не ја оправдаа честа на Русите, па со тоа загубија и едно квалификациско место за следната сезона.
Краснодар беше последниот тим кој имаше шанси за да го обели образот на Русите, но тие загубија од Хетафе со 3-0 и завршија како трети во групата Ц од Лигата на Европа. Армејците беа најслаби во групата Х, освоија само пет бода.
Во Лигата на шампионите, Зенит загуби од Бенфика во последното коло и остана на последното место од групата Г, додека Локомотив Москва во групата со Јувентус, Атлетико Мадрид и Леверкузен издвои еден триумф и пет порази.
Катастрофалните настапи оваа сезона Русите ги наплатија со намалување на коефициентот на УЕФА ранкингот, па едно квалификациско место за ЛЕ ќе им биде доделено на Португалците за следната сезона, додека пет руски екипи ќе може да учествуваат во континенталните шампионати.