10.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Европската недела на кошарката ја заокружуваме со полни срца и исполнета сала!

Европската недела на кошарката ја заокружуваме со полни срца и исполнета сала! Ви благодариме на сите што бевте дел од овој ден – атлети, семејства, тренери, волонтери, поддржувачи, компании и пријатели. Вашата енергија, поддршка и навивање создадоа атмосфера во која се гледаше најважното: кога играме заедно, сите победуваме.

Нашите атлети уште еднаш покажаа што значи храброст, тимска игра и упорност. Но вистинската победа беше на трибините, каде што инклузијата се претвори во искуство, а не во збор.

Благодарност до Кошаркарска Федерација на Македонија и до нашите партнери и поддржувачи УНФПА, „НЛБ Банка“ АД Скопје, „Македонски Телеком“ АД, “Лајонс Алфа Клуб“ Скопје и „Sport Life” кои овозможија овој настан да блесне. Со доверба и континуирана поддршка ни овозможува да растеме, да допреме до уште повеќе атлети и да ја градиме инклузијата во пракса.

✨ Продолжуваме, чекор по чекор, кош по кош – да создадеме општество каде секое дете и секој возрасен со интелектуална попреченост има место, шанса и поддршка да го покаже својот потенцијал.

 

- Оглас -

Најнови вести