Петте меча во денешните Квоти на денот се од реванш-натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа и Лигата на конференции и ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 50.39.
Првиот предлог е дуелот меѓу Вест хем и Фрајбург и има квота од 2.35. Оваа квота се добива ако се одигра на победа на Вест хем и притоа да има меѓу два и пет гола.
Фиорентина го пречекува Макаби Хаифа и се очекува и вечерва гледачите да уживаат во голови. Првиот натпревар заврши со триумф од 4:3 на италијанскиот тим, а за вечерва предлогот на Sport Life е да се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра изнесува 1.77.
Астон вила и Ајакс во првиот натпревар во Амстердам одиграа без голови, но вечерва се очекува да биде сосема поинаква приказна и поради тоа предлогот на Sport Life е да се одигра на голови. За играта да има барем еден гол во првото полувреме и барем два во второто полувреме, квотата изнесува 2.15.
Дуелот меѓу Аталанта и Спортинг Лисабон е еден од најинтересните бидејќи и двата тима играат одлично во домашните шампионати. Првиот дуел заврши без победник 1:1, и вечерва во Бергамо ќе падне одлуката кој ќе оди понатаму. Предлогот на Sport Life носи квота 2.30, и тоа за играта Аталанта да не загуби, а притоа и двата тима да дадат гол.
Последниот предлог е од дуелот Ливерпул – Спарта Прага, каде што сè е решено (5:1 во првиот меч) и ја има најголемата квота која изнесува 2.45. Оваа квота се добива ако се одигра 1-1 & 2-5.