15.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Европски фудбал во Турција следната сезона можеби ќе се игра само во Истанбул

Најголемиот турски град, Истанбул, може да има дури пет свои клуба во европските фудбалски купови во следната сезона.

Турција во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига најчесто ја претставувале клубови од Истанбул, но секогаш имало и по некој од другите градови, а сега теоретски може да се случи европски фудбал во Турција да се игра само во Истанбул.

Состојбата на табелата е таква што на првите две места се истанбулските Галатасарај и Фенербахче, трети е Самсунспор од Самсун, кој ја разбива истанбулската доминација, а потоа на четврто, петто и шесто место се тимовите од Истанбул, Ејупспор, Бешикташ и Истанбул Башакшехир.

Самсунспор е во криза, има четири порази по ред, а има само три бода повеќе од шестиот Башакшехир, па може да биде симнат и Истанбул да ја има „ексклузивата“ за играње во Европа.

- Оглас -

Најнови вести