Европски фудбалски микс од пет различни држави во Квотите на денот (Фото)

Пет натпревари од пет различни земји се дел од понудата во Квотите на денот на Sport Life. Тука е и единствениот натпревар од топ 5 лигите кој ќе се одигра денес.

Понудата започнува со натпреварот Оденсе – Хорсенс, на кој домаќините влегуваат како фаворити. Предлог за овој натпревар е да одиграте на победа на Оденсе, но и да биде постигнат најмалку по еден гол во двете полувремиња. Квотата за овој натпревар е 2.30.

Холандското првенство важи за едно од најефикасните и токму затоа предлог за натпреварот Алмере – Ајндховен е дека двете екипи ќе постигнат погодок, односно дека ќе биде гол-гол, но и во двете полувремиња да има најмалку по еден гол. Квотата за оваа игра е 2.10.

Многу голови не се очекуваат на дуелот од португалското првенство помеѓу Рио Аве и Фамаликао. Токму затоа предлогот за овој натпревар е во првото полувреме да нема повеќе од два погодока, додека во вториот дел да има максимум еден гол. Квотата е рамно 2.

И ирското првенство важи за едно од оние каде што се игра ефикасен фудбал. Дрогеда јунајтед е фаворит на дуелот против УЦД Даблин, а предлогот освен победа на домашните, вклучува и да има помеѓу два и четири погодока. Квотата е одлична, дури 2.30.

Гостите се фаворити на единствениот натпревар од топ 5 лигите кој се игра денес, и тоа во италијанската Серија А. Сасуоло е фаворит против Сампдорија на гости и затоа предлогот е да се одигра двојна шанса на гостинската екипа и на натпреварот да нема повеќе од три погодоци. Квотата е 2.15.

- Оглас -

Најнови вести