2501 Фредрикштад – Бодо/Глимт (18 ч.)
Меч од првенството на Норвешка, каде што разликата меѓу двата тима е само два бода, а гостите ја имаат фаворитската улога. Бодо/Глимт има три победи и едно реми на последните четири меча со овој ривал, а последните седум средби покажуваат дека головите не треба да изостанат и денеска.
Предлог тип: 2&3+ (2.25)
1115 Килмарнок – Ливингстон (20:45 ч.)
Дуел од Лига купот, а традицијата вели дека Килмарнок е фаворит затоа што се радувал трипати и еднаш ремизирал од последните четири дуели против Ливингстон.
Минатата сезона во првенството на Шкотска, Килмарнок заврши на четвртото место, а Ливингстон испадна од елитното друштво бидејќи имаше освоено само 18 бода.
Предлог тип: 1 (2.09)
6734 Динамо Минск – Лудогорец (20:45 ч.)
Реванш-дуел од квалификациите во Лигата на шампионите. Лудогорец носи предност од 1:0, што значи дека може да се очекува неизвесна пресметка. Мечот се игра на неутрален терен во Унгарија, што, секако, може да е плус повеќе за Лудогорец.
Предлог тип: Х2&1-3 (1.87)
6733 Линфилд – Шелбурн (20:45 ч.)
Шелбурн со предност од 1:0 ќе тргне на гостувањето во Северна Ирска кај Линфилд. Се работи за две екипи кои очигледно имаат сличен квалитет, па секој детаљ може да биде решавачки.
Двете екипи немаат некои напаѓачки карактеристики, но, сепак, сега влогот е голем, па може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)
6283 Норвешка (Ж) – Италија (Ж) (21 ч.)
Голем е влогот на овој дуел, се работи за четвртфинале на Европско првенство за жени. Норвешка беше перфектна во групната фаза и имаше три победи, додека Италија со четири бода од три дуели помина во нокаут-системот.
Овие две селекции одлично се познаваат бидејќи одиграа два меча во минатата година и интересно е дека двата завршија без победник (1:1 и 0:0).
Предлог тип: Х2&0-3 (1.71)