Европски купови и женски олимписки фудбал во комбинација за квота 50

Интересни се денешните пет меча кои се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 49.94.

Рапид Виена гостува кај Висла Краков и не треба да загуби во меч на кои двете екипи треба да постигнат гол. Оваа комбинација е со квота од 2.35.

Молде е голем фаворит против Силкеборг и треба да победи во средба на која се очекува да има меѓу два и пет погодоци, што се вреднува со коефициент од 2.10.

На женскиот олимписки турнир Германија игра против Австралија и тука треба да се очекува Панцерите да постигнат барем еден погодок во првиот дел, а на крајот фаворитот да има дадено два гола. Оваа комбинација на голови е со квота од 2.20.

Килманрок и Серкл Бриж ќе играат во дуел на кој е потребно да има од еден до три погодоци во двете полувремиња. За оваа популарна игра, коефициентот е точно два.

Франција на женскиот фудбалски турнир на ЛОИ без проблеми треба да слави над Колумбија и уште во првиот дел да ги реши сите дилеми. Потребно е да има и меѓу два и пет погодоци за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.30.

- Оглас -

Најнови вести