Пет меча од вечерните возбудувања во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА се дел од понудата во Квотите на денот, а доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 39.66.
Панатинаикос го пречекува Бетис, а гостите да постигнат еден гол во првото полувреме е со коефициент од 2.15.
Аз Алкмар да не загуби на свој терен од Спарта Прага во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци носи квота од 2.05.
Двете екипи треба да дадат барем по еден гол на дуелот Селта Виго – Лион, но потребно е да има и еден гол во второто полувреме за да биде добитна комбинацијата со коефициент од точно два.
На пресметката меѓу Генк и Фрајбург во првото полувреме треба да има не повеќе од еден гол, а во вториот дел да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци, комбинација која се вреднува со квота два.
Победник треба да има на мечот меѓу Нотингам форест и Митјиланд, а треба да има и меѓу три и пет гола за да биде добитна квотата од 2.25.


