Репрезентативен шарм имаат денешните Квоти на денот во Sport Life, кои ако ги одиграте сите пет комбинации на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 44.74.
Данска на свој терен не треба да загуби од Швајцарија во меч на кој двете селекции ќе постигнат барем по еден погодок. Оваа комбинација се вреднува со 2.60.
Португалија и Хрватска треба да одиграат возбудлив дуел со погодоци во двете полувремиња, но не повеќе од три. Во една таква ситуација, добитен би бил коефициентот од 1.95.
Шпанија е фаворит за триумф во Белград и тука освен „двојката“, може да се очекува да има од два до пет погодоци, комбинација која се вреднува со 2.05.
Шкотска пред своите навивачи не треба да загуби од Полска, во меч на којшто ќе има најмалку два погодоци. Со таква комбинација, квотата од 2.10 ќе биде добитна.
Белорусија ќе ја угости Бугарија и тука доволно е да има барем по еден погодок во двете полувремиња, опција која се вреднува со 2.05.