1537 Рио Аве – Маритимо (21:15 ч.)
По малку повеќе од еден месец пауза, продолжува португалското првенство. Рио Аве дома е со биланс од четири победи и два порази, додека Маритимо е еден од најслабите гости дури со пет порази од седум мечеви на туѓ терен.
Традицијата вели дека на шест од последните осум меча на овие два тима, немало повеќе од два гола, па така се очекува да биде и сега.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.14)
1657 Мехелен – Серкл Бриж (20:30 ч.)
Последните три меча на овие два тима завршиле без победник, што само покажува дека се работи за екипи со израмнет квалитет. И Мехелен и Серкл Бриж негуваат офанзивен фудбал, сакаат да постигнат гол повеќе од противникот, па и сега може да се очекува да има погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)
1243 Рос каунти – Ренџерс (20:30 ч.)
Нема дилеми дека гостите се големи фаворит за трите бода. Ренџерс само пред три дена на неверојатен начин победи на гости кај Абердин, и тоа со голови во 90+5 и 90+7 минута, што е знак дека не планираат да се предадат во бркање на лидерот Селтик, кој има девет бода повеќе.
Неверојатна гол-традиција има меѓу овие два клуба. На последните седум меча секогаш имало барем по четири погодоци, а петпати било и со 5+, па едноставно тука головите се загарантирани.
Предлог тип: 2&4+ (2.75)
1656 Гент – Стандард Лиеж (20:30 ч.)
Дуел на две екипи кои се во првата половина на табелата во Белгија. Гент игра офанзивно и во просек постигнува речиси по два погодока на меч, но има и нестабилна одбрана, која прими 18 погодоци во 17 средби.
Гент има 10 меча во кои нема пораз, што е уште еден доказ дека домаќините се во фобра форма и ќе атакуваат на трите бода.
Предлог тип: 1 (1.59)
5251 Ал-Итихад – Керамика Клеопатра (16 ч.)
Ал-Итихад речиси на секој меч дома атакува на освојување на трите бода. Керамика Клеопатра може да се потпре на традицијата, која вели дека со овој ривал во последните две години одиграа пет меча и има две победи и три нерешени против Ал-Итихад.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.96)