Европскиот гигант Ајакс е дел од историски меч

Ајакс нема милост во холандското првенство и со шест победи и едно реми во седум меча е лидер. Холандскиот гигант постигнува над четири гола во просек, па и на денешниот меч против Утрехт, на „Амстердам арена“ може да се очекуваат многу голови.

Овој меч против Утрехт ќе биде посебен по еден момент. Меѓу себе ќе играат браќа-близнаци, кои уште живеат заедно и ја делат истата соба, но денеска на теренот ќе бидат еден против друг. се работи за близнаците Тимбер. Тој од Ајакс, Јуријен е многу попознат. Игра на стоперската позиција, но знае да биде и покрај десната аут линија.

За разлика од Јуријен, Квинтин Тимбер игра во средниот ред и не е стандарден во Утрехт, но денеска треба да биде на теренот.

„Многу се блиски. Во моментов го реновираат поткровјето во кое они заедно живеат и многу добро се забавуваат и се сложуваат. Цела недела во нашето семејство се зборува за овој меч. Секако дека сум горда на нив“, изјави мајката на близнаците Тимбер, Мерлин Тимбер.

На крајот од мечот ќе биде интересно дали браќата со исто презиме ќе си ги заменат дресовите.

 

- Оглас -

Најнови вести