26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Европскиот првак без двајцата најдобри ќе брка светска клупска титула

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид нема да има лесна задача да ја освои титулата на Светското клупско првенство.

Кралскиот клуб има проблеми со повредени играчи, па во Мароко отпатува без Куртоа, Менди, Лукас Васкес, Милитао, Азар и Бензема.

Никој од нив не е во комбинација за полуфиналето со Ал-Ахли, но во евентуално финале би можеле да заиграат Бензема и Куртоа, кои се клучни поединци во Реал. Сепак, и тие двајца не би играле финале ако не се 100 проценти фит.

На листата на Карло Анчелоти се четворица младинци од вториот тим: Лукас Канизарес, Марвел, Марио Мартин и Арибас.

- Оглас -

Најнови вести